На ваков дождлив ден, најубаво е да читаме убави македонски стихови за да нѐ расположат и да ни донесат убаво чувство.
Молитва – Славко Јаневски
Не самувај. Сам сум.
Забуцај ги забите до корен
во стеблото на мојот ’рбет.
И држи се. Одам.
Бел е сртот што нè чека.
Не самувај. Сам сум.
Забуцај ги прстите до лактот
во модрите пени на мојата коса.
И држи се. Пливам.
Зелено е дното што нè мами,
дното на едно море.
Не оставај ме сам. Немој.
Не самувај со мене. Денес.
И не мисли дека сме мали
зашто е една трева над нас.
И не мисли дека сме чеда
на една земја
зашто ни е гнездо еден камен.
И не е,
и не е Сонцето злотвор
што лежи во нашите жили.

извор: Chen Liu/Eyeem/Getty Images
