Како што веќе знаете, Бил Гејтс е страствен читател и тој на својот блог постојано споделува препораки за книги кои му оставиле впечаток. Тој за ова лето препорачува неколку интересни книги, a две од нив можат да се најдат кај нас: „Атлас на облаците“ – Дејвид Мичел (одлична книга, ви ја препорачувам со цело срце, веќе пишував за неа на блогот), „Марсовецот“ од Енди Веир (исто така пишував за неа на блогот) и „Џентлмен во Москва“ на Ејмор Тоулс (оваа сѐ уште ја немам прочитано, но дефинитивно ми е на листа, добив одлични препораки за неа).

Подолу прочитајте ги неговите препораки, а на крајот имате линк до неговиот блог, каде што тој освен книги, препорачува и уште некои интересни активности:
„Изборот“ од д-р Едит Ева Игер. Оваа книга е делумно мемоар, делумно водич за процесирање трауми. Игер имала само шеснаесет години кога таа и нејзиното семејстви биле однесени во Аушвиц. Откако преживеала неверојатни траорни ситуации, таа се преселила во САД и станала терапевт. Нејзиниот уникатен живот и историја ѝ даваат неверојатен увид во работите и мислам дека многу луѓе во моментов ќе најдат утеха во нејзините предлози за тоа како да се справиме со тешки ситуации.
„Животно возење“ од Боб Ајгер. Ова е една од најдобрите книги за бизнис кои сум ги прочитал во последниве неколку години. Ајгер е одличен во своето објаснување како е навистина да бидеш директор на огромна компанија. Без оглед на тоа дали сакате бизнис совет или четиво за забава, мислам дека сите ќе уживаат во неговите приказни додека бил дел од Дизни за време на своите најтрансформативни времиња во историјата.
„Атлас на облаците“ од Дејвид Мичел. Ова е тип на роман на кого ќе мислите и за кого ќе зборувате долго откако ќе го прочитате. Заплетот е малку тешко да се објасни, затоа што станува збор за шест меѓусебно поврзани приказни кои се случуваат одвоени со векови (вклучувајќи и една која мене особено ми се допадна, за млад американски доктор на брод во Јужниот Пацифик во средината на 19 век). Но, ако сте во добро расположение за одлична и обземувачка приказна за најдоброто и најлошото од човештвото, мислам дека ќе бидете маѓепсани од оваа книга исто толку колку и јас.

„Големиот грип“ од Џон М. Бери. Живееме во исклучително време и многу невообичаено, нешто што речиси никој не го доживеал. Но, ако сте во потрага по историска споредба, пандемијата на грип од 1918 години е нешто многу слично на ова со кое се соочуваме денес. Бери ќе ви каже речиси сѐ што треба да знаете за една од најстрашните зарази во историјата. Иако 1918 година била сосема поинакво време од денес, сепак оваа книга е добар потсетник дека сѐ уште се соочуваме со дел од истите предизвици.
„Добра економија за тешки времиња“ од Абџихит В. Банерџи и Естер Дуфло. Банерџи и Дуфло минатата година ја добија Нобеловата меморијална награда за екомомски науки и тие сте двајца од најпаметните економисти кои постојат денес. За наша среќа, тие исто така се многу добри во нивниот начин да ја направат економијата подостапна за обичниот човек. Нивната најнова книга ја истражува нееднаквоста и политичките поделби преку фокусирањето на дебати за политики кои добиваат најголемо внимание во богати држави како САД.
„Марсовецот“ од Енди Вир. Можеби се сеќавате на филмот од пред неколку години, кога Мет Дејмон глумеше ботаничар заглавен на Марс, се ослободи од својот страв и рече: „Јас ќе излезам од ова преку наука“. Ние го правиме истото во моментот со коронавирусот.

„Умствениот водич кон медитација и мирен ум“ од Енди Пудикомб. Со години бев скептичен околу медитација. Сега го правам тоа сѐ почесто, околу три пати неделно, доколку ми дозволува времето. Книгата на Енди, како и неговата апликација „Умствен простор“ е она што ме вовлече и убеди. Енди, поранешен будистички монах нуди многу корисни метафори за да објасни потенцијално комплицирани концепти во медитацијата. Во време кога на сите ни се потребни неколку минути за да се ослободиме од стресот и да се фокусираме, ова е одлично четиво за почетници.
„Месечево чекорење со Ајнштајн“ од Џошуа Фоер. Ако се трудите да стекнете нова вештина, има и полоши работи од учењето да запомнувате работи. Фоер е научен писател кој се заинтересирал како работи помнењето и зошто постојат толку многу луѓе со неверојатна способност да запомнуваат работи. Тој ве води во Државното првенство на помнење (во САД), да навистина постои ова, и ве воведува во техниките кои му овоможиле еднаш да победи на овој турнир.
„Џентлмен во Москва“ – Ејмор Тоулс. Главниот лик во овој роман минува низ ситуација која на многумина им беше позната периодов: Тој не може да ја напушти зградата во која живее. Но, тој не е заглавен поради некаков вирус: ова се случува во 1922 година и тој е руски гроф кој служи доживотна казна затвор која ја отслужува во домашен притвор во еден хотел. За мене ова беше забавна, паметна и зачудувачки весела приказна за искористување на околностите кои ни се дадени.

Трилогијата „Проектот Роузи“ од Граеме Симсион. Сите три дела правеа да се смеам на глас. Сите три се вртат околу професорот по генетика кој го има Аспергеровиот синдром и сака да си најде жена (првата книга, која ја има и кај нас), а потоа создава семејство (во втората и третата книга). Приказната се врти околу тоа да влезе во умот и срцето на човек кој другите го сметаат за чуден и да нѐ натера да сфатиме дека не е толку различен од останатите луѓе. Мелинда (неговата сопруга, м.з) ме натера да почнам да ги читам книгите и многу ми е драго што го направи тоа.
Во продолжение на текстот на неговиот блог, Гејтс пишува и предлог стрипови, серии, филмови и игри. Тука можете да го прочитате целосниот текст на англиски јазик, а подолу можете да го погледнете и видеото кое секогаш го издава со секој нов текст и препораки.
