Македонска книжевна недела во „Или-Или“!

„Или – Или“ во последните неколку години посветуваат големо внимание на домашните автори и авторки, па оттаму има и палета од домашни наслови кои можете да ги најдете таму.

104026384_2758244457615089_422561854038555051_o

Македонските писатели  и писателки имаат што да понудат и можат да стојат рамо до рамо до кој и да било странски писател. Со цел промоција на македонските наслови, оваа недела (15 – 22 јуни) во „Или – Или“ ќе се одржи акцијата „Македонска книжевна недела“.

Во текот на оваа недела, љубителите на читањето ќе можат да си ја освежат домашната библиотека со одлични современи македонски наслови. 70 наслови ќе бидат достапни по навистина одлични цени.

Ценовникот можете да го разгледате ТУКА.

Можете да се упатите во книжарницата на „Или-Или“ или пак да нарачате онлајн преку нивните Фесбук страници. За нарачки од над 1000 денари доставата е бесплатна.

За повеќе информации (или нарачки) следете ги ФБ страниците.

https://www.facebook.com/ilipublishing/
https://www.facebook.com/Или-Или

Да ја поддржиме македонската книжевност!

Leave a comment