„Сѐ додека нѐ помнат, ние сме живи.“ – Карлос Руиз Зафон
Еден од најпознатите современи писатели, Карлос Руиз Зафон, кој беше многу популарен и почитуван и кај македонската читателска публика, почина денес, на 19 јуни 2020 година.

Карлос Руиз Зафон почина во неговиот дом во Лос Анџелес, САД, а причина за неговата смрт е рак.
Карлос Руиз Зафон имаше само 55 години и имаше уште многу да ѝ понуди на читателската публика. Неговите книги се читаа ширум светот, а најмногу ќе биде запомнет по серијалот „Гробиштата на заборавените книги“, особено првата книга, „Сенка на ветрот“. Покрај овој серијал, тој беше познат и како писател за млади, особено со неговите книги „Марина“, „Полноќна палата“, „Принцот на маглата“, „Септемвриски светлини“, итн.
Книжевниот свет денес загуби неверојатно талентиран писател, но тој вечно ќе живее преку неговите дела.
Слава му! Нека почива во мир!
