Издавачки центар ТРИ од вчера го започна својот традиционален Летен фестивал на книгата, настан кој ги слави книгите и читањето и ја отвора сезоната на попусти, акции и понуди на изданијата на ТРИ и Паблишер.
Оваа година слоганот на фестивалот е „Море од приказни“, кој ја нагласува важноста да се биде релаксиран во летниот период, кој оваа година е поинаков за сите нас.

Книжарниците на ТРИ во Дебар Маало, ГТЦ и ТЦ Зебра ќе бидат совршено прибежиште за сите вљубеници во книгите во жешките летни денови. Како што наведуваат на официјалниот настан на Фејсбук:
„Сигурни сме дека фестивалската понуда нема да остави никого рамнодушен и дека ќе бидете дел од Фестивалот на ТРИ. Нурнете се во нашето море од приказни и уживајте и ова лето во совршени книги – патувања!“
