Денес уживајте во прекрасни македонски стихови на едниот и единствен – Блаже Конески!
Спомен – Блаже Конески
Сега си ти стара
и сега си тело клапнато цело,
постанато,
и јас не можам да си простам
што не по твоја вина, ами по своја,
не сум можел да го доближам како што можев
твоето обличје бело.
Твојата снага што се нудела
чудесната снага
како бел облак на сино небо во споменот ми рее,
и сего тоа е минато,
и веќе ништо не е,
и само останал нејасен впечаток
дека си ми била драга.
Сега јас сум стар,
и сега станувам тело клапнато цело, —
и морна те спомнува мојата снага.

