Кога англиската писателка Мери Шели (1797 – 1851) го напишала своето најголемо дело „Франкенштајн“ (1818), веројатно воопшто не ни помислувала до кој размер ќе стигне популарноста на нејзиното измислено чудовипште.

За Франкенштајн и неговото чудовиште се снимени десетици филмови, а и денес често се водат полемики околу тоа кој научник послужил како инпсирацијата за ликот на Виктор Франкенштајн, научникот и творецот на едно од најпопуларните чудовишта на светот.
Има неколку кандидати за тоа, па да погледнеме некои од нив.
Професор Лазаро Спаланцани – таткото на модерната биологија
Според мислењето на италијанскиот биолог Паоло Мазарели, кој пишувал за оваа тематика во научното списание „Nature“, инспирација за Виктор Франкенштајн бил Лазаро Спаланцани (1729 – 1799), италијански биолог и професор на универзитетите во Модена и Павија.
Неговите најзначајни проучувања се занимавале со тематиката околу регенерација и размножување на животните, со посебен акцент на физиологијата на крвотокот и дишењето кај животните. Истражувајќи ја оваа област, професорот Спаланцани вршел многу експерименти.

(Лазаро Спаланцани)
Наскоро низ Европа се прочул глас за научникот кој успеал да оживее неколку исушени и ситни безрбетници. Всушност, се работело за првото ескпериментално докажување на појавата анабиоза – оживување на исушени и премрзнати животни. Мал е бројот на луѓе што знаеле дека Лазаро Спаланцани бил првиот биолог кој утврдил како крвта преминува од артериите во вените преку капиларите и како оксидацијата не постои само во белите дробови, туку во клетките на секој жив организам. Спаланцани и ден денес ја носи титлулата на творец на модерната биологија, а неговите опити за оживување на животни го поврзуваат со „Франкенштајн“.
Јохан Конрад Дипел и неговиот еликсир на бесмртноста
Кристофер Фрејинг, автор на една книга во која се истражува како се снимени филмовите за научниците, смета дека моделот за Виктор Франкенштајн бил Јохан Конрад Дипел (1673 – 1734), германски лекар, теолог и алхемичар. Овој научник е роден во замокот Франкенштајн кој се наоѓа во Милтрал, во близина на Дармштат.
За него кружеле приказни дека навечер тајно одел на гробишта и ги сквернавел гробовите со тоа што од ковчезите вадел коски и екстремитети на покојниците кои потоа ги користел за создавање на т.н „Дипелово масло“, единствениот еликсир на бесмртноста. Станува збор за масло со голема густина и непријатен мирис кој се добива со процес на сува дестилација на животински коски, а денес се користи во индустриски фабрики за менување на структурата на алкохолот.

(Јохан Конрад Дипел)
Дипел е познат по тоа што остро се спротиставувал на учењето за спасот на душата и тој стоел на ставот за таинственото повторно раѓање, што му создавало многу проблеми, затоа што многупати го прогонувале и апселе. Поради своите, во најблага смисла кажано, чудни експерименти, а и поради фактот дека е роден во замокот „Франкенштајн“, тој е првиот фаворит меѓу кандидатите кои се поврзуваат со научникот од романот на Мери Шели.
Џејмс Линд – спасувачот на морнари
Уште една реална личност која е можно да била инспирација за Виктор Франкенштајн е Џејмс Линд (1716 – 1794), шкотски лекар, познат по тоа што вовел „поморска хигиена во Англија“, односно задолжително користење на цеден лимон во исхраната на морнарите.

(Џејмс Линд)
Благодарение на него, од британските бродови набрзо исчезнала болеста „скорбут“, смртоносна болест која настанува како последица на недостатокот на витамин Ц во организмот. Она што го поврзува со Франкенштајн се неговите експерименти кои ги правел со помош на електрична енергија.
Џовани Алдини – треперењата на обесениот човек
И покрај тоа што Линд бил познат по своите експерименти со електрична енергија, сепак највпечатливите електрични опити ги правел еден друг научник, за кого Сара Бејквел пишувала во списанието „Fourteen Times“, тврдејќи дека токму тој човек е овековечен во ликот на Виктор Франкенштајн. Станува збор за Џовани Алдини (1790 – 1840), чиј дедо бил проучениот италијански лекар и физичар Луиџи Галвини.

(Илустрација на опитот на Џовани Алдини од тоа време)
На општа шокираност и вџашеност во Лондон, тој со помош на електрична енергија успеал да ја помрдне устата, очите и екстремитетите на мртвиот Џорџ Фостер, кој бил јавно погубен на бесилка. Според Сара Бејквел, оваа случка послужила како инспирација за Мери Шели. Тогаш дури и дошло до познатиот облог помеѓу Мери, нејзиниот сопруг Перси Шели и познатиот британски поет лорд Бајрон. Облогот се состоел во тоа кој ќе напише најстрашен роман полн со ужас и терор.
Карл Август Вајнхолд – од живи мачки вадел ‘рбетен мозок
Сара Бејквел имала уште еден кандидат за Виктор Франкенштајн. Тоа бил Карл Август Вајнхолд (1782 – 1828), германски хирург, познато по екстремните методи на лечење животни. Со цел да успее да излечи болни мачки и да ги врати во живот, тој од нив го извлекувал ‘рбетниот мозок, и во телото на мачките го заменувал со цинк и сребро.
Наводно, лорд Бајрон под негово влијание се обидел така да ја излечи својата блна мачка. Бејквел смета дека поради своите сурови хируршки методи и поради фактот дека бил познат во Лондон, тој би можел да биде кандидат за ликот на Франкенштајн.
Којзнае, можеби некој од овие научници кои биле наклонети кон груби експериментирања, навистина бил моделот според кој Мери Шели го создала научникот кој го создаде најпознатото чудовиште, а можеби таа земала делче од секој од нив и така го изградила ликот на Виктор Франкенштајн. Тоа никогаш целосно нема да го дознаеме, но тоа можеби е и подобро, затоа што така познатиот роман за чудовиштето и неговиот творед засекогаш ќе ја сочуваат својата тајновитост и мистицизам.
