Познатиот и контроверзен писател Мишел Уелбек не очекува некој „нов свет“ по завршување на пандемијата на КОВИД-19, туку „нешто полош“ свет од оној кој постоел претходно.
Во едно отворено писмо кое пред некој месец беше прочитано на француското радио „Франс Интер“, тој вели: „Нималку не верувам во изјавите од типот „ништо повеќе нема да биде како претходно“. Напротив, сѐ ќе остане сосема исто. После изолацијата нема да се разбудиме во некој нов свет, сѐ ќе биде исто, но малку полошо.“
Уелбек смета дека пандемијата на коронавирусот „главниот резултат би требало да го има при забрзување на одредени мутации кои се во тек, а особено намалувањето на контактот помеѓу луѓето:“

Потоа продолжува и вели дека „епидемијата на коронавирусот дава величествена смисла во оваа тешка тенденција: како некоја застареност да ги погодува односите меѓу луѓето.“
Тој исто така смета дека „би било поеднакво погрешно да се каже дека луѓето повторно ја откриле смртта“ и вели дека „смртта никогаш не била дискретна како во последните неколку недели.“
„Жртвите се сведуваат на бројки во статистиката на секојдневната смрт и анксиозност се шири помеѓу населението додека вкупното зголемување има нешто необично апстрактно“, наведува Уелбек.
Писателот додава дека изминатиот период важен е податокот и за возраста на заразените: „До кога би требало да се реанимираат и лечат? 70, 75, 80 години?“
Уелбек, еден од најпреведуваните модерни писатели завршува и заклучува: „Во секој случај, никогаш со таква спокојна бесрамност не сме велеле дека секој живот нема иста вредност.“
