Изгубениот роман на Жил Верн содржи неверојатно точни предвидувања за иднината!

Пред околу 150 години, Жил Верн напишал книга со неверојатно точни предвидувања за денешниот свет. Но, таа книга била одбиена и била заборавена сѐ до 1994 година.

„Париз во 20 век“ е постхумно дело на Жил Верн, легендарниот писател и патувач. Многумина го сметаат за „Татко на научната фантастика“ благодарение на неговите книги „20.000 милји под морето“, „Пат околу светот за 80 дена“ и други.

fun-facts-friday-jules-verne

Една од најинтересните работи околу творештвото на Верн е неговата способност и желба да прави предвидувања за иднината. „Париз во 20 век“, роман кој му бил пратен на издавачот и ментор Пјер – Жил Хецел во 1863 година, бил роман кој од тој аспект не бил поразличен од другите. Во 2014 година, списанието „Архитектурал Ревју“ направило осврт на романот, чии предвидувања вклучувале „возила на бензин кои возат по асфалтски патишта, електрични улични лампи и најморничавото од сѐ – електричната столица.“

Футуристичката романса се занимава со предизвиците на младиот Мишел Дуфреној. Неговата страст за уметноста дошла во судир со маршот на таканаречениот прогрес, со капиталистичките сили кои ја истиснувале естетиката и правеле сѐ да се врти околу парите. Во еден момент, тој вели: „Јас сум запчаник и ти си запчаник! Ајде да одиме да си ја вршиме нашата работа!“

Верн секако размислувал во правилна насока. Две декади подоцна, во 1888 година, била издадена книгата „Гледајќи наназад“ на Едвард Белами. Оваа книга била вистински книжевен хит и се работи за „социјалистичка утопија сместена во 2000 година“ и „создала незапирлив апетит за утописка белетристика на обете страни на Атлантикот“.

unnamed (1)

Но, имало само еден проблем. Романот „Париз во 20 век“ бил одбиен. Хецел, неговиот издавач и ментор, не ја гледал привлечноста на приказната. Според различни извори, Хецел напишал: „Мој драг Верн, дури и ако беше пророк, никој денес не би верувал во ова пророштво… едноставно не би биле заинтересирани за ова.“

Тој дури отишол понатаму и ја нарекол книгата „безгласна и безживотна“. Верновата книга „Пет недели во балон“ била издадена таа година и постоел страв дека оваа книга би можела да влијае негативно врз успехот на претходната книга.

Книгата била тажна и депресивна. Порталот „Open Culture“, вели: „Може да почувствувате дека младиот Верн не ја гледал иднината како утопија. Всушност, тој отишол и малку подалеку со тоа што ја искористил поставеноста и самата приказна за уметничка душа која лута во културолошки мртва технократија која ја воздигнува технологијата, за да ги изрази своите грижи за 19 век и подемот на конгломератите, автоматизацијата и механизацијата.“

jules-verne-1280x720-1

Романот на крај бил објавен, но не пред 1994 година. Ова се случило заради напорите на потомокот на Верн, Жан Жил – Верн, кој бил цврсто решен да го отвори сефот на неговиот познат далечен роднина. Кога го направил тоа, скриениот скапоцен камен во форма на романот „Париз во 20 век“ бил откриен по сите тие години. Во тоа време, возбудливите, иако депресивни размислувања на Верн веќе биле истражени и од други книжевни пионери.

Но, сепак Верн не е изоставен од историските читанки. Неговите дела продолжиле да бидат објавувани и по неговата смрт (1905) и тој станал вториот најпреведуван писател на светот. Од неговите приказни се направени еден куп екранизации кои го одржуваат неговото наследство во живот, додека пак новите и млади читатели постојано се запознаваат со неговиот светоглед.

Неговите таленти за предвидување се очигледни во романите како „20.000 милји под морето“. Незаборавниот лик Капетан Немо патуваше во подморницата Наутилус, превозно средство кое било сосема ново за луѓето во тоа време. Уште пред подморниците да бидат користени за да се истражи морето, Жил Верн бил способен да замисли нешто многу слично на подморница.

Подоцна во неговата кариера, пишувал за „оптичка лебдечка илузија“, нешто што одговара на она што денес го знаеме како холограм. А ова се само неколку примери за тоа што Верн успевал да пренесе на страниците на неговите книги.

Која ви е омилена книга од Жил Верн?

Извор.

Leave a comment