Македонска поезија: „Љубовта умира…“ од Тихомир Јанчовски!

Денес на блогот читаме македонска поезија! Изборот падна на „Љубовта умира…“ од Тихомир Јанчовски.

Љубовта умира… – Тихомир Јанчовски

Љубовта умира
како човек што умира
се разболува, лежи, боледува
бара лек, се надева
се поткрева и пак снеможува
може да се разболи нагло
или болеста полека да напредува
и пред самиот крај, обично
се исправа на нозе и застанува
да засвети со сета сила
од своите убави времиња
изгледа како да оцелела
за потоа да умре, да ја снема
конечно и сосема
најпосле,
човекот кој ја носел
ја погребува во себе
и оплакува

Скоро секој од нас
носи во утробата
едни такви гробишта

cceb8e3b4382ccfeca01673e958d3e2f

Leave a comment