Која е најстарата зачувана книга во Европа?

Пред неколку години, најстарата зачувана книга во Европа беше откриена на изложба во лондонската „Британска библиотека“. Изложбата содржела многу интересни ракописи и артефакти, но најголема атракција беше една мала црвена книга стара околу 1300 години.

„Евангелието на св. Кутберт“ е неверојатно обележје во историјата на европското издаваштво. Оваа книга се смета за најстарата зачувана европска книга која сѐ уште се наоѓа во оригиналната кожна корица и подврзување.

the-binding-disassembled-during-examination-640x480-1

И покрај тоа што е мала големината, овој неверојатен ракопис ни кажува многу за книгите во раниот Среден век, вклучувајќи и како биле правени и уште поважно, како биле користени.

„Евангелието на св. Кутберт“ е книга која долго била обвиена во облак од мистерија, но историчарите кои работат во „Британската библиотека“ откриел дека нејзиното потекло оди сѐ до крајот на 7 век. Првпат била пронајдена во 1104 година, кога моштите на еден од најважните британски светци, св. Кутберт, биле преместени во нов храм во Дурхам.

Според Би-Би-Си, св. Кутберт бил поврзуван со многу чуда, а едно од нив било тоа што неговото тело наводно никогаш не се распаднало. Кога свештениците по 10 години го отвориле неговиот ковчег, тие биле вчудовидени кога откриле дека неговото месо и ткиво сѐ уште било таму и воопшто не било распаднато. Наскоро ова се прочуло и храмот на св. Кутберт бил една од најголемите туристички атракции во средновековна Британија.

the-front-cover-the-original-tooled-red-goatskin-binding-is-the-earliest-surviving-western-binding-477x640-1
(Предниот дел од  корицата на книгата)

Кога свештениците ги преместиле моштите на св. Кутберт во Дурхам во 1104 година, тие решиле повторно да ѕирнат во ковчегот за да се осигураат дека телото сѐ уште е во истата состојба. За чудо, телото сѐ уште било свежо исто како на денот кога починал и свештениците церемонијално го преоблекле и го вратиле назад во ковчегот.

Но, пред да го запечатат ковчегот, тие забележале мала книга. Тоа било примерок на „Евангелието на св. Јован“, а книгата била поврзана и обложена со црвена кожа и била совршено сочувана заедно со телото на светецот. Воодушевувајќи се на староста и сочуваноста, тие одлучиле да ја извадат од ковчегот за да ја чуваат како посебен свет артефакт.

the-back-cover-472x640-1
(Задниот дел од корицата на книгата)

Според една статија на Алисон Мејер за „JSTOR Дејли“, книгите, особено оние кои ги содржеле сите делови од Библијата, во Средниот век не служеле само за читање. Тие често биле чувани и како свети предмети и биле носени како амајлии за заштита од злото. Се сметало дека присуството на свет текст било доволно да обезбеди посебна заштита.

Свештениците претпоставувале дека оваа книга ја поседувал големиот св. Кутберт, што значи дека според нив имала уште поголема моќ. Првично се мислело дека книгата во 698 година била ставена во ковчегот на св. Кутберт, иако историчарите сега веруваат дека всушност била напишана во раниот 8 век, а подоцна била ставена во ковчегот на Кутберт.

cuthbert-teaching-with-a-book-in-his-hand-ch-16-life-of-cuthbert-441x640-1
(Цртеж од св. Куберт како предава со книга во рака)

Не е јасно кој го нарачал, а малку се знае за писарот кој макотрпно ја копирал секоја линија од евангелието на Свети Јован на пергаментот. Сепак, овој анонимен писар бил исклучително талентиран. Историчарите го сметаат текстот за убав пример за елегантно рано средновековно ракописно дело, а кожната обвивка е особено убава дизајнирана. Како што вели Алисон Мејер, стилот и конструкцијата на книгата ни кажува многу за пренесувањето на знаење и вештини низ Европа за време на овој период.

Книгата е врзана во одреден „неподдржан“ стил, познат како врзување на листовите преку шиење.

detail-with-the-headband-433x640-1
(приказ на тоа како била врзана книгата)

Ова се нарекува и коптско шиење бидејќи потекнува од коптските заедници во Египет, но се користело и низ Европа, Византија и во исламскиот свет. Овој антички ракопис е доказ за врските помеѓу северна Британија, остатокот од Европа и Медитеранот, дури и во VII век.

Оваа античка книга нуди редок поглед во минатото, покажувајќи како средновековна Британија била поврзана со други делови од светот. Дури и ако не можете да ја посетите Британската библиотека во Лондон, не очајувајте. „Евангелието на св. Кутберт“ сега е целосно дигитализирана и ќе продолжи да инспирира и да фасцинира луѓе ширум светот.

beginning-of-the-text-428x640-1
(првата страница од ракописот)

Мало појаснување, бидејќи на делови од текстот се наведува дека книгата е „Евангелието на св. Јован“, а името на книгата е „Евангелието на св. Кутберт“. Книгата е наречена „Евангелието на св. Кутберт“ бидејќи книгата била најдена кај него во ковчег и се смета дека тој примерок бил негов, но текстот внатре е „Евангелието на св. Јован“.

Извор.

Leave a comment