Во кои држави во ЕУ најмногу се чита?

Повеќето домаќинства во државите во ЕУ трошат повеќе пари на книги, весници и написи, отколку на одмори.

Едно истражување направено во период од 2008 до 2015 година, спроведено на луѓе од 20 до 74 години во 15 држави во ЕУ, открило дека просечното време поминато во читање на дневно ниво се растега од 2 минути во Франција до 13 минути во Естонија.

large_wq0bdjs4g4ym8cj4bwmncpnnzobfumdnz3c8c7or2ls

Во 2016 година, домаќинствата во ЕУ потрошиле повеќе од 90 милијарди евра или 1.1% од нивната вкупна потрошувачка на книги и весници, што е еднакво на 0.6% од БДП на ЕУ или околу 200 евра на глава на жител.

И покрај ова, потрошувачката на домаќинствата на овие работи била малку помалку од половина од вкупната потрошувачка за забавни и културни услуги, соопшти „Еуростат“, Агенцијата за статистика на ЕУ.

large_ognb_ivhqiuoniikhhaua_8su7ezwvh_y258g8t-_lg

Луѓето во Словачка најмногу трошеле на книги и весници (2.1% од вкупниот буџет во домаќинството), а потоа следат Германија (1.6%) и Полска (1.4%). На спротивниот крај, најниски проценти се забележани во Бугарија и Грција (0.6%) и Чешка, Шпанија и Малта (0.7%).

Во сите држави кои учествувале во истражувањето, жените читале повеќе од мажите, но мажите биле тие кои читале во подолги интервали од жените.

Извор.

 

 

 

 

 

Leave a comment