Лекции од Албер Ками кои совршено соодветствуваат на нашето време!

Повлекувањето на глобализацијата и последователниот подем на еден вид на хипер-национализам кој има за цел да ги ограничи неотуѓивите човечки дејства како уметноста или науката во рамките на одредени граници – е еден од најзагрижувачките трендови на нашето време. Подеднаква загриженост предизвикува и тргувањето со просперитетноста и слободата и едно чувство на конформитет кој ни се наметнува.

1136_camus2

Како да се соочиме со овие предизвици? Еден од начините би било да се навратиме на размислувањата на харизматичниот француски егзистенцијален филозоф, човекот кој го идентификуваше „апсурдното“ постоење во кое се наоѓаме себеси и предложуваше начини како истото да се избегне.

Албер Ками, кој цврсто се залагаше за човечката слобода надвор од ограничувањата на идеологиите и се спротиставуваше на тоталитаризам од секаков вид, се занимаваше со овие работи во последните две декади од неговиот трагично краток живот. И тој ги искажувал своите ставови не само преку неговите дела, туку и на јавни собири, од колеџи, до синдикати.

И во „Опасно создавање“, тој размислувал за одговорноста и правата на уметниците да имаат свое мислење наспроти позадината на менување на општествените и политички динамики и притисокот – размислување со кое многумина ќе се поврзат, со оглед на тоа колку писатели се бореле и се залагале против нетолеранцијата.

Зборувајќи на шведскиот универзитет „Упсала“ во декември 1957 година, само неколку дена откако станал вториот најмлад добитник на Нобеловата награда за книжевност, Ками, забележувајќи дека писателите привлекуваат критики без оглед на тоа дали го креваат својот глас или не, потенцирал дека тие не смеат и не треба да останат тивки и повлечени.

17azsy3gl9g53twxw9sdgmw

Започнувајќи со неговиот препознатлив стил, цитирајќи ја молитвата на ориенталниот мудар човек да биде поштеден од живеење во возбудливо време, тој рекол дека никој во денешно време не бил поштеден од тоа, бидејќи „нашата ера нѐ приморува да се интересираме за неа.“

Продолжувајќи со своето залагање за тоа зошто е неопходна оваа обврска за излегување од нивната зона на удобност, тој вешто ги скицира главните теми – вклучително и целта на уметноста, слободата на уметникот и, особено, ставот на државата.

Говорот е исто така полн со клучни увиди во слични теми, вклучувајќи го односот помеѓу уметноста и богатството, животната и општествена цел, медиумите преку кои се пропагираат форми на уметност, претставувањето на животот, уметничката лиценца, компаративната вредност на нацијата и поединецот и уште многу други работи кои и денес сѐ уште се релевантни.

Во „Одбрана на интелигенцијата“, говор кој го одржал во март, 1945 година, на состанокот на една група која барала договор и пријателство во тукушто ослободената Франција – дури и среде беснеењето на Втората светска војна, Ками упатил елоквентен апел против насилството, омразата и поделбата која тие ја направиле.

Тој не штедел зборови за варварство кои тие го претрпеле, напоменувајќи дека тоа оставило свој белег на жртвите, а некои од нив соодветно се одмаздиле при првата дадена шанса. Тој се борел за лекување на „отруените срца“ преку „спасување на интелигенцијата на човекот“. Под интелигенција тој разбирал поседување на разум, проникливост и објективност, а не само сиров умствен капацитет.

107226821.jpg.0

И, конечно, во „Леб и слобода“, еден говор од мај 1953 година, Ками, кој бил левичар, но никогаш не ги оправдувал сталинистичките испади, жестоко го нападнал тоталитаризмот.

Велејќи дека ако некои трендови продолжат, човек може да предвиди „Европа на концентрациони логори“, каде „единствените луѓе на слобода ќе бидат чуварите на затворите кои потоа ќе мора меѓусебно да се затворат“, тој се обидел преку пример да го долови погубното тврдење дека ако граѓаните ги задоволат своите основни економски потреби, тие престануваат да бараат политичка слобода.

Преку говори од пред многу децении, но на теми кои повторно се појавија поради нашата неспособност да учиме од историјата. Ками докажува дека тој е глас кој ја надминува неговата ера, а тоа го прави преку својата совесна процена на клучни работи, но и преку неговите страствени, но добро образложени аргументи. Да се надеваме дека можеме нешто да научиме од него и денес.

Извор.

Leave a comment