Марк Твен ја насочувал неговата остроумност кон различни теми: детство, легендата за кралот Артур, па дури и мачки. Тој еднаш напишал: „Ако човекот се вкрсти со мачката, тоа би го подобрило човекот, но ќе ја уназади мачката.“
Твен не бил сам во неговата љубов кон мачките, многу познати писатели од 19 и 20 век чувале и сакале мачки, како Т.С Елиот и Хемингвеј. Исто како што љубовта на Хемингвеј кон мачките, придонела кон еден куп мачиња во неговиот дом во Ки Вест, така и интересот на Твен за мачките имал свои чудни пресврти.

Тој им давал живописни имиња
Во еден момент од животот, Твен чувал 19 мачки и сите ги сакал подеднакво и многу повеќе отколку што ги сакал луѓето. Сите негови мачки имале живописни имиња: Аполинарис, Белзебуб, Блатерскит, Бафало Бил, Сатана, Син (што преведено може да биде и Грев), Соур Маш, Тамани, Зороастер, Сапи Сал и Пестиленс. Тој ги вметнувал мачките во своите дела. Американската Национална Портретна Галерија вели: „Мачките се појавуваат во некои од неговите најпознати дела. Во „Авантурите на Том Сојер“, се појавува мачорот Питер, но тој бил само еден од многуте.“
Кога бил принуден да биде далеку од неговите мачки, тој наоѓал замени
Низ целиот негов живот, кога Твен патувал, тој изнајмувал мачки за да го заземат местото на неговото друштво кое останувало дома. Мек Хич за „Њу Ингланд Тудеј“, пишува: „Најпознатата случка со изнајмување мачки се случила во Даблин, Њу Хемпшир, во 1906 година. Алберт Бигелоу Пајн, биографот на Твен, бил таму кога авторот изнајмил три мачиња за летото. Едното го именувал Саклот. Другите две биле идентични и го добиле заедничко име Ешс“. Се прашувате зошто изнајмувал? Тој не можел да патува со мачките, па затоа ги изнајмил, а потоа оставал зад себе пари за да помогне во покривањето на нивната нега и грижа во текот на сите девет нивни животи.
„Еднаш, кога требаше да влезе низ врата која водеше кон салонот, две мачиња се стрчаа пред него и застанаа и чекаа“, Пејн му.рекол на Хич. „Со сериозна учтивост, тој ја отвори вратата, лесно се поклони, направи чекор назад и рече:‘ Повелете, господа. Јас секогаш му давам предност на благородништвото.“
Тој направил сѐ за да го пронајде неговиот изгубен мачор Бамбино
Многумина претпоставуваат дека од сите мачките, омилен му бил Бамбино, мачор кој првично бил во сопственост на неговата ќерка Клара. Откако Бамбино исчезнал, Твен го искористил своето пенкало во обид да го најде.
Според Хачисон: „Тој пуштил оглас во „Њујорк Американ“ нудејќи 5 долари награда за оној кој ќе ја врати исчезнатата мачка во неговата куќа во Њујорк“. Описот на Твен за негововото сакано милениче: „Голем и интензивно црн; густо, кадифено крзно; има ретки бели влакна прошарани низ градите; не е лесно да се најде на обична светлина“. Бамбино на крајот се вратил дома сам, но не пред многумина да се појават со мачки што мислеле дека е можно да одговараат на овој уметнички опис.

