По одличниот успех на „Убиство во Ориент Експрес“, екранизацијата на истоимената книга на Агата Кристи, наскоро ќе излезе уште една екранизација според нејзиното познато дело „Смрт на Нил“.
Кенет Брана (кој исто така е и режисер на филмот) се враќа во улогата на легендарниот детектив Херкул Поаро и овојпат тој е на одмор на луксузно крстарење долж реката Нил, кога почнуваат да се случуваат чудни работи и секако, Поаро е оној кој треба да ја реши загатката.

(Роб Јонгсон, правата на сликата се на 2020 Twentieth Century Fox Film Corporation)
Покрај Брана, филмот е преполн со многу познати актери и актерки како: Гал Гадо, Анет Бенинг, Том Бејтман, Расел Бранд, Роуз Лесли, итн.
Првичната најава е дека „Смрт на Нил“ ќе пристигне во кината на 23 октомври.
Подолу погледнете ја и кино најавата за филмот:
