Случајното откривање на три отровни книги во една библиотека…

Во еден неверојатен пресврт, како да излегол од „Името на розата“ на Умберто Еко, три третки книги од 16 и 17 век кои биле дел од збирката книги во една библиотека, излегло дека се прекриени со смртоносен отров, барем според еден труд објавен на 27 јуни 2018 година, од страна на истражувачи на Универзитет во јужна Данска.

Последното нешто што тие го очекувале било отров.

xnppbymh

Јаков Повл Холк и Кааре Лунд Расмунсен го напишале следното во академскиот журнал „Конверзејшн“: „Причината поради која ги однесовме овие три ретки книги за да бидат снимени на рентген беше тоа што библиотеката претходно откри дека фрагменти од средновековни ракописи, како копии од Римско право и канонско право, биле употребувани за да се направат нивните корици. Има многу документирани докази дека оние кои порано ги правеле книгите во Европа во 16 и 17 век, имале навика да рециклираат постари пергаменти.“

За ја дознаат можната старост на рециклираните материјали кои се содржани во корицата и грбот на книгите кои Универзитетот ги поседувал, истражувачите ја користеле најмодерната достапна технологија: серија од рентгентни флоросцентни анализи (микро – XRF).

Холк и Расмунсен напишале: „Технологијата го открива хемискиот спектрум на материјалот преку анализирање на карактеристичната „секундарна“ радијација која се испушта од материјалот за време на високо енергетско рентгентно „бомбардирање“. Микро XRF технологијата има широка употреба и се користи во археологија и сликарство, кога на пример се истражуваат хемиските елементи на керамички садови или слики.“

Додека се обидувале да го идентификуваат латинскиот текст употребен во книгите, истражувачите се нервирале заради еден слој од зелена боја која ги замаглувала старите рачно напишани букви.

png-clipart-old-books-opened-book-on-top-of-four-books

Тие решиле да ја анализираат мистериозната боја и XRF тестовите откриле дека „зелениот пигментен слој е арсен. Овој хемиски елемент е еден од најотровните состојки во светот и изложувањето на овој отров може да води кон различни симптоми на труење, предизвикување рак, дури и смрт.“

Во зависност од видот на арсенот и времетраењето на изложеноста, симптомите на труење со арсен вклучуваат иритиран стомак, иритирани црева, гадење, диареја, промени на кожата и иритација на белите дробови. Штетниот ефект на изложеноста исто така не исчезнува.

Зошто некој би користел отровна боја на овие обскурни и мистериозни книги?

Одговорот се чини дека лежи во 19 век. Арсенот најчесто се користел за создавање на т.н „Паризова зелена“ тип на бои и лакови и најверојатно истите биле нанесувани на овие книги од добронамерни реставратори.

Универзитетските истражувачи напишале: „Пигментот на арсен – кристален прав – е лесен за производство и најчесто бил користен за повеќе намени, особено во 19 век. Големината на зрната во прав влијаат на тонот на бојата, како што тоа е случај со маслени бои и лакови. Поголемите зрна произведуваат специфична потемна зелена боја – а помалите зрна посветла зелена боја. Пигментот е особено познат по својот интензитет на боја и отпорност на избледување.”

old-books-1060x530-1

Зошто некој би сакал да ја подобри естетиката на книги од 17 век?

Најверојатно уметничкиот ефект не бил единствената работа која во 19 век им била на ум на луѓето. Имало нус-производ од употребата на бојата наречена „Паризова зелена“: ги заштитувала ракописите од инсекти, стаорци и други штетници. Луѓето од тоа време можеби не сфаќаале зошто, но бојата ги заштитувала книгите.

Сепак, до втората половина на 19 век, веќе се знаело за смртносноста на арсенот и повеќе не се користел како пигмент за боја. „Мрачните приказни за зелените викторијански тапети кои ги одземаат животите на децата во нивните спални соби се потврдени како точни.“

Сепак, земјоделците сè уште го користеле за своите земјоделски култури. „Други пигменти беа откриени како замена за таа боја за слики, во текстилната индустрија и др. До средината на 20 век, замре употребата  на арсен и во земјоделството.“

Што се однесува до книгите во колекцијата на данската библиотека, тие сега се чуваат во посебни картонски кутии со безбедносни етикети во вентилиран кабинет.

„Ние, исто така, планираме да ги дигитализираме за да се минимизира физичката размена и допири“, напишаа истражувачите. „Човек не би очекувал дека една книга може да содржи отровна супстанција. Но, сепак е можно.“

Извор.

Leave a comment