Познати деталите за овогодинешниот Саем на книга!

2020 година е чудна година за сите. Новиот коронавирус го преврте светот наопаку, па покрај сите работи поврзани со овој вирус, речиси сите манифестации, културни збиднувања и слични настани беа одложени, а една од нив беше и традиционалниот Саем на книга кој обично се одржува во април/мај.

Годинава од разбирливи причини не се одржи во тој период, но пред неколку денови почнаа да пристигнуваат информациите, а сега и официјално е потврдено дека годинава Саемот ќе се одржи во периодот од 8 до 14 септември 2020.

118404016_1186572038365059_579369646548954076_o

Со оглед на комплексноста на ситуацијата со КОВИД-19, наместо внатре во спортскиот центар „Борис Трајковски, Саемот ќе се одржи на отворено, пред спортскиот центар, кај Аква паркот, под монтажни објекти.

Сѐ уште не се познати многу детали, но најавени се одлични попусти и дефинитивно можеме да се радуваме што традицијата ќе продолжи, можеби во поинаков формат, но сепак ќе имаме можност да си ја освежиме домашната библиотека!

Согласно Протоколите за спречување на ширење на коронавирусот, пропишани од Владата, за Саемот на книга 2020 ќе бидат обезбедени сите безбедносни мерки, поради кои, Саемот на книга оваа година за првпат и се одржува на отворен простор.

Работното време на саемот е од 10 до 20 часот, а на 14. септември од 10 до 17 часот. Билетот за влез чини 30 денари, а за деца и млади до 18 години изнесува 20 денари. Билетите ќе може да се набават онлајн, како и на билетарите пред влезот на саемот.

За повеќе информации, следете го официјалниот настан за Саемот на книга на Фејсбук.

Се гледаме на Саем!

Leave a comment