Денес на блогот ги читаме прекрасните стихови на Анте Поповски. Да читаме македонска поезија!
Ќе ме најдеш – Анте Поповски
Би можел јас и сосема да се осамам,
да бидам еден кој заборавил да чита,
да гледа, да слуша,
да изумам и да ме изуми се,
да се престорам камена плоча,
но ти и под плочата ќе ме најдеш зашто
заклучена си во моето исчезнување.

