Денес на блогот читаме прекрасна македонска поезија.
Скршени, набожни – Катица Ќулавкова
Повеќе немаме слобода како
некогаш што сме имале
сме станале сенка
на сенката на животот
јазик кој се заборава
од што не се зборува
лишени од заблуди
од себе лишени
од магијата на првобитната
радост лишени
од право на живот лишени
уморни од закани и од закони
од морање и од морали
од трпење и од трпение
скршени Господе
божем неверни, а набожни
неповратно скршени
совршено скршени
болни на смрт
шушкаме во зборовите
исушеното лисје се рони дребно
сув крш, кршшшшшшшшшш
шшшшшшштттт
пссссссссссссссссттт
————————-

