Како ги создавале книгите во Средниот век?

Пишаните извори се бесценети за историски истражувања. Ни дозволуваат да ги проучуваме и најмалите факти и да ги споредуваме со цел да ја дознаеме вистината. Читајќи ги пишаните извори, човек мора да чита меѓу редови со цел да ја извлече вистината од она што е напишано внатре.

Одделот за теологија

Сите средновековни книги биле напишани рачно, почнувајќи од раните години, сѐ до половината на Среден век. Кога зборуваме за Европа, повеќето книги биле напишани од луѓе кои се занимавале со теологија, како монасите, свештениците, калуѓерките. Ова не претставувало проблем во тоа време, затоа што христијанската религија веќе била раширена низ Европа и голем дел од монасите биле достапни во овој период.

medieval-books

Во манастирите, каде што живееле монасите, тие секој ден препишувале по една книга. Тие земале една празна книга и во неа ги препишувале сосема истите работи од друга книга и така правеле ново издание. Ова било „печатењето“ во Средниот век, затоа што книгите биле пишувани на материјал кој лесно можел да биде уништен, па оттаму и потребата за препишување на книгите.

Почетокот на напредокот

Како што поминувало времето и Европа почнала да излегува од тој мрачен период, сѐ повеќе луѓе го зголемувале своето знаење. Тие почнале да се образуваат и се зголемил бројот на луѓе што знаат да пишуваат. Професионалните писари почнале да пишуваат и да ги препишуваат книгите, а потоа школите почнале сѐ повеќе да се развиваат и сѐ повеќе ученици почнале да работат на книгите.

Папирусот не е користен во овој период и наместо тоа, тие користеле животинска кожа, и тоа го правеле сѐ до 1300 година, иако и потоа се користела, но не во тој обем. Животинската кожа била потешка за наоѓање и најчесто се земала од младо теле. Иако папирусот бил поевтин, кожата од животното била потешка за уништување и ако имало потреба, можело да се отстрани мастилото и да се напише нешто друго.

Во принцип (иако имало варијации), речиси сите книги биле создавани на овој начин, односно рачно, сѐ до пронаоѓањето на Гутенберговата машина за печатење во 1440 година, која направила револуција во начинот на создавање и дистрибуција на книгите.

Извор.

Leave a comment