Промоција на романот „На враќање“ на Фросина Пармаковска!

Фросина Пармаковска е една од најпознатите писателки во последните неколку години. Таа најмногу го привлече вниманието на читателите со книгите „Вишнова хроника“ и „Одбројување“ (за која ја доби и наградата „Роман на годината“).

Сега таа се враќа со новиот роман „На враќање“, кој излезе во продажба неколку дена пред почетокот на Саемот на книга. Четвртиот роман на Фросина, како и нејзините претходни два романа, се во издание на „Или-Или“.

Денес, со почеток од 20 часот, во МКЦ, ќе се одржи и промоцијата на нејзиниот нов роман. Настанот е отворен за сите поддржувачи и читатели. Промотори на романот ќе бидат Душко Крстевски и Октај Ахмед.

Елизабета Баковска за романот вели:

„Пишувањето роман бара трпение и посветеност, а пишувањето добар роман бара и талент за привлечно и деликатно раскажување на приказната. Нема сомнение дека Фросина го има и едното и другото во овој нов, возбудлив спој на конкретното и универзалното, на судбинското и рационалното, на патувањето и враќањето во домот.“

Тука погледнете го и официјалниот настан на Фејсбук,

Да ги поддржуваме македонските писател(к)и!

Leave a comment