Годинава се одбележаа 100 години од раѓањето на нашиот голем книжевник, Славко Јаневски (20.01.1920 – 20.01.2000). Со цел да се одбележи стогодишнината од неговото раѓање, утре, со почеток од 20:00 часот, во Кинотека на Македонија, ќе се одржи многу интересен настан со наслов: „Пат околу светот за еден век: 100 години Славко Јаневски“.
Настанот е во организација на ВИС „Тркалезна маса“, Фондацијата „Славко Јаневски“ и Кинотека на Македонија.

Се работи за поетско-музичко препрочитување на збирката „Црни и жолти“ по повод 100 години од раѓањето на Славко Јаневски со ВИС „Тркалезна маса”.
За загревање на атмосферата ќе биде прикажан филмот „Сонце зад решетки“ (1957), филм чиј автор на сценарио и режисер е Славко Јаневски.
Настапуваат:
Ана Голејшка Џикова – вокал
Ѓоко Здравески – вокал
Владимир Лукаш – гитара, мелодика
Васко Марковски – мандолина, мандола
Деан Шкартов – хармоника, сајзер
Душан Кировски – гитара
Перо Сарџоски – кавал, џембе
Владимир Мартиновски – тамбури, удиралки
Ѓорѓе Јовановиќ – усна харфа, ефекти
Круме Стефановски – кахон
Тома Димовски – деф
Во согласност со протоколите за спречување на ширењето на вирусот COVID-19, настанот ќе биде со ограничен број гледачи, вкупно 91 место за седење. Влезот е слободен.
За повеќе информации, следете го официјалниот Фејсбук настан.
