На 1 октомври 2003 година нѐ напушти големиот поет Анте Поповски. Во чест на неговото дело и неговото творештво, денес на блогот читаме негови стихови!
Кога си далеку – Анте Поповски
Кога си далеку, пролети утринум
се покажуват ветрови кои умеат
да гатаат, ќе те допрат,
ќе те помилуваат,
ќе ми ја поземат раката
и ќе ни речат: еве, сега
ќе ти се јави мајка ти.
Знае таа љубовта кон тебе
дека те прави неранлив.
На Големото заминување –
мали се сите неба…

