Десет факти за „Џејн Ер“ на Шарлот Бронте!

Кога Шарлот Бронте седнала да ја пишува „Џејн Ер“, таа не знаела дека пишува дело кое ќе стане едно од најважните дела во книжевноста. Готскиот роман за романсата на една гувернанта со господинот Рочестер, веднаш стекнал популарност по првичното издавање и сѐ уште e една од најсаканите книги и после толку многу години. На крајот на краиштата, кој може да одолее на приказна во која има луда жена заклучена на таван?

Денес на блогот прочитајте десет интересни факти за овој неверојатен роман.

41742

Шарлот, исто како и нејзината хероина, работела како гувернанта

Џејн Ер е девојка од провинција која добива работа како гувернанта помеѓу непознати. Истото било и со Шарлот Бронте. Во 1839 година, семејството Сиџвик ја вработиле Бронте да живее на нивниот имот и да ги подучува нивните деца. Таа ја мразела работата и го напишала следново: „Еден куп разгалени и турбулентни деца ми даваат наредби, а од мене се очекува постојано да ги забавувам, но и да ги поучувам.“ Таа станала депресивна и повлечена, а госпоѓата Сиџвик ја прекорувала поради тоа.

Лудата жена на таванот е настан кој бил инспириран од секојдневниот живот

Истата година, Бронте ја посетила куќата „Нортон Конјерс“ во северен Јоркшир. Таму дознала дека 60 години пред нејзината посета, една умствено болна жена била затворена во „Собата на лудата Мери“ на таванот. Приказната била инспирација за создавање на ликот на Берта Мејсон, лудата жена на Рочестер. Во 2004 година, сопствениците на куќата откриле блокирани скали кои го поврзувале таванот и првиот кат, исто како скалите опишани во романот.

Строгото училиште во кое се запишува Џејн е обликувано од сопственото искуство на Шарлот

Мајката на Шарлот починала кога таа имала пет години, па така нејзиниот татко – свештеник бил оставен сам на себе да воспитува шест деца. Тој ги испратил Шарлот, Емили и неговите две постари ќерки во Училиштето за свештенички ќерки во Кауан Бриџ, Ланкашир. Се работело за сурова, дисциплинирана околина со лоша храна, ладни згради и физичко малтретирање. Бронте подоцна ги искористила овие спомени за да го создаде училиштето од книгата. Суровиот директор од романот, господин Броклхерст е напишан според отецот Вилијам Карус – Вилсон.

20e2f15a-5981-11e8-a7d9-186ba932a081_1280x720_115232

Марија, сестрата на Шарлот, е инспирација за Хелен Брнс

Исто како и Хелен Брнс, другарката на Џејн која умира во Лувуд, Марија Бронте била запоставувана и малтретирана во периодот кога се разболела во училиштето. Елизабет Гаскел, која ја напишала биографијата на Бронте, напишала дека кога девојчето сакало да одмара и да лежи во кревет, една учителка „ја зграпчила за раката и тоа од страната на која имала рани и гној, и со еден нагол потег ја турнала на средината на подот, и цело време ја удирала заради нечисти или хаотични навики.“ И Марија и Елизабет (другата постара сестра) Бронте се разболеле во училиштето и потоа биле испратени дома, каде што подоцна починале.

Бронте го напишала романот додека се грижела за нејзинот слеп татко

Додека Бронте ја пишувала книгата, нејзиниот татко Патрик имал операција за отстранување на катаракта на очите. За време на заздравувањето тој бил целосно слеп и беспомошен. Не е случајност тоа што Рочестер е слеп на крајот на романот и исто како и таткото на Бронте, на крајот си го повраќа видот.

Пред г-дин Рочестер, постоел Војводата од Заморна

Кога била дете, Бронте создавала малечки книги заедно со нејзиниот брат Бранвел, кои ги нарекле „Историјата на младите мажи“. Тие биле засновани на играчки „војници“ кои Бранвел ги добил за неговиот деветти роденден. Децата ги обожавале војниците и измислувале цели светови поврзани со нив. Изумот на Шарлот бил Алфред, војводата од Заморна, наметлив, баронски карактер со нелегитимно вонбрачно дете – сите карактеристики што и самиот Рочестер ги поседува. Британската библиотека вели дека „Војводата од Заморна може да се смета за претходник на Рочестер“.

jane-eyre-modern-woman-advice

Насекаде околу неа имало љубовни триаголници

Кога Џејн открива дека Рочестер е во брак со Берта Мејсон, таа го напушта наместо да се впушти во бигамија. Во реалниот живот, не само што нејзиниот помлад брат Бранвел имал афера со мажена жена, туку и самата Шарлот се вљубила во оженет професор, Константин Еже. Симпатиите биле еднострани – Еже дури и го искинал љубовното писмо што Бронте му го напишала – но ситуацијата можеби инспирирала дел од односот на Џејн и Рочестер, како и романот „Вилет“.

Таа била приморана да му се извини на суровиот директор

Кога романот станал хит, отецот Вилсон се препознал себеси во ликот на г-дин Броклхерст и се заканил дека ќе ја тужи Бронте. Таа избегнала тужба со тоа што му напишала извинување. Внукот на Вилсон го опишал како „скица… повлекувајќи голем дел од она што претходно го напишала за училиштето во „Џејн Ер“. Таа дури и му дала дозвола на Вилсон да ја објави оваа скица под нејзино име. Она што е многу интересно е што тој никогаш не го сторил тоа. Писмото со извинувањето оттогаш е изгубено.

„Џејн Ер“ е роман објавен под машки псеводним

Во 1846 година, Ен, Емили и Шарлот објавиле поетска книга под псевдонимите Актон, Елис и Курер Бел. Тие знаеле дека единствен начин да бидат сериозно сфатени е ако јавноста верува дека тие се мажи. Шарлот ја објавила и „Џејн Ер“ под името Курер Бел. Кога книгата станала бестселер, книжевниот свет се опседнал со тоа да дознае повеќе за мистериозните браќа Бел.

jane-eyre-adaptations-compared-fb

Дури и нејзиниот издавач не знаел дека таа е жена

Со оглед на тоа дека се допишувале со писма, издавачката куќа „Смит, Елдер енд Компани“ немале поим дека Курер Бел е жена. Во 1848 година, околностите ги принудиле Шарлот и Ен да отидат во Лондон и да се запознаат лично со уредниците. Таа подоцна напишала:

„Ниту г-дин Смит, ниту г-дин Вилијамс не знаеја дека ќе дојдеме – тие никогаш претходно нѐ немаа видено, тие не знаеја дали сме мажи или жени, но секогаш ни се обраќаа како да сме мажи. „Дали е ова г-дин Смит?“, прашав, гледајќи низ моите очила во еден висок, млад маж. „Да.“ Тогаш му го ставив во рака неговото писмо кое беше испратено на Курер Бел. Тој го погледна писмото, а потоа погледна во мене. Тој ме праша: „Од каде ти е ова?“ Јас се насмеав на неговата збунетост и тогаш ме препозна. Јас му го кажав моето вистинско име: госпоѓица Бронте.

Една година по смртта на Ен и Емили, Бронте објавила дека сите три се писателки во предговорот на заедничкото издание на „Оркански височини“ и „Агнес Греј“.  Тука можете да го прочитете целиот текст.

Извор.

Leave a comment