Буковски: Белешките на еден стар расипник за обичното лудило…

Чарлс Буковски е култен лик во американската книжевност, писател на кратки раскази, поет и новинар.

„Она што е најважно е колку добро чекориш низ огнот.“

Човек кој своите сирови чувства преточени во зборови ги сликал на платното кое за него било Лос Анџелес. Без лажен сјај и лажно морализирање. Тој ја прикажал мрачната страна на еден од најпознатите градови во светот, опишувајќи го она што повеќето се труделе да не го видат. Наместо бајковити описи на сјајот и гламурот на Лос Анџелес, тој давал описи на подземните премини кои смрдат, метро станиците, полусветот кој живее на работ на егзистенцијата.

b88329b3344d23003f1edfd2fdcdc23fv1_max_755x425_b3535db83dc50e27c1bb1392364c95a2

Тој живеел токму во такво опкружување, припаѓал таму во поголемиот дел од неговиот живот и создавал врски со луѓето кои во градот во кој соништата се остваруваат, доживеале крах и војувале со сопствените демони, срушени соништа и скршени срца во облаците на алкохолното испарување и димот од цигарите.

Таквата сурова, сирова и немилосрдна реалност го обликувала и измрестила писателот чии дела и денес се актуелни и не се заобиколуваат.

Неговиот татко бил американски војник без многу чувство за остварување здрави семејни односи, па така младиот Чарлс ги трпел неговите удари речиси на дневна основа. Неговата мајка Катарина Фет била бледа фигура во семејството, без никакво влијание, само нем набљудувач на сѐ што се случувало во семејниот дом. Од најраното дејство, Чарлс се чувствувал како губитник и тоа од него создало чудак кој во голема мера се врти кон алкохолот, но и книгите.

Хемингвеј, Д. Х. Лоренс, Синклер Луис, се помеѓу писателите кои Буковски со страст ги читал. Но, како што и самиот рекол, еден писател несомнено оставил најголем впечаток на него, а тоа бил Џон Фанте. После читањето на неговата книга „Запрашај ја правта“, почнал поинаку да гледа на работите.

„Фанте беше мојот Бог. Тој роман доживотно влијаеше на моето пишување.“

1597416724118charles-bukowski-106_v-16x9402dxl_-77ed5d09bafd4e3cf6a5a0264e5e16ea35f14925

Пресуден момент во животот на Буковски бил моментот кога го напуштил домот на родителите и факултетот и тоа по една расправија со татко му, кој според неговите приказни му ги фрлил работите на улица. Од тој момент, тој почнал да живее работејќи ситни работи, пиејќи и влегувајќи во врски со жени кои биле дел од кругот на кој и тој самиот припаѓал. Без оглед на сè, тој продолжил да пишува.

Тој се оженил со Барбара Фреј, богата сопственичка на списанието „Арлекин“ и почнува да работи таму и притоа успеал да објави и неколку свои дела. Тој брак траел само две години и после разводот, Буковски се враќа на работата во поштата, каде што работел пред да се омажи со Барбара и таму ќе ги мине следните 12 години. Искуствата од тој период тој ќе ги преточи во неговиот прв објавен роман, „Пошта“.

Во текот на 60-тите години, неговата кариера е движи во горе-доле стабилна линија. Редовно објавува песни во мали алтернативни списанија, пишува колумни, а првата збирка разкази ја објавува во 1966 година, а потоа следи и објавување на две стихозбирки во 1968 и 1969 година.

Во текот на тој период, Буковски е во врска со Френсис Дин со која ја добива ќерката Марина. Тој станува сѐ попознат во неформалните книжевни кругови и почнува да стекнува читателска публика. Во 1970 година, Џон Мартин, сопственик на издавачка куќа, му нуди месечен надоместок од 100 долари за целосно да се посвети на пишува (тука прочитајте го писмото кое Буковски му го пратил на Мартин откако станал познат). Тогаш Буковски дава отказ во поштата и го остава тој дел од животот зад себе.

avatars-000515356941-iemag6-t500x500

Иако со својот неопримитивен стил, како што го нарекувале неговото пишување, останал далеку од академските книжевни кругови, тој добивал сѐ поголема читателска публика, особено по прикажување на Хачфордовиот документарец „Буковски“.

Во 1976 година, ја запознава Линда Ли Бејгл, сопственичка на ресторан за здрава храна, која била 25 години помлада од него, со која ќе го помине остатокот од животот. Тогаш дефинитивно го напушта стариот начин на живот, па ги заменува дотраените и полураспаднати соби со убаво уредена куќа со базен во предградие во Сан Педро. Вози црн БМВ, учи да ракува со компјутер, води сметка за своите мачки и пишува.

Друштвото од сомнителни луѓе го заменува со дружење со Шон Пен, додека познатата група U2 му посветила песна на концерт во Лос Анџелес.

Во почетокот на 80-тите години на 20 век, снимен е филмот „Приказни за обичното лудило“ по истоимената збирка раскази на Буковски, а на крајот на деценијата е снимен уште еден филм, но за овој филм тој самиот го напишал сценариото: „Барска мушичка“ со Мики Рурк и Феј Данавеј во главните улоги.

bukowski-reading

Неговиот последен роман е „Палп“, на кој работел речиси три години со прекини. Иако ги сакал сите свои книги, „Палп“ за него имал посебно значење. Тоа е единствената книга која откако била издадена ја напишал одново, затоа што не му се допаднала првата верзија.

Чарлс Буковски бил и останал уникатен по многу работи. Иако не бил поврзан со останатите писатели од бит-генерацијата, тој се смета за еден од највлијателните и најоригиналните писатели од тоа време.

Неговите книги „Блуден син“, „Жени“, „Фактотум“, „Пошта“, „Белешките на стариот расипник“, „Приказни за обичното лудило“ се болно реални и сирови, затоа што и самиот живот е таков, а јунакот на поголемиот дел во неговите книги е неговото алтер-его, Хенри Кинаски, останува симбол на вечната борба на човекот кој се наоѓа на општествените маргини и најдобро покажува дека човек треба да живее без да се откаже од своите вистински страсти.

За Буковски, пишувањето било токму тоа. Како и да живеел, тој никогаш не престанал да пишува.

Како што рекол и сам:

„Ако една недела не пишувам, јас се разболувам. Не можам да одам, ме фаќа вртоглавица, лежам во кревет, повраќам. Морам да пишувам. Кога би ми ги отсекле рацете, би пишувал со нозе.“

Leave a comment