Македонска поезија: „Доаѓа есен“ од Тихомир Јанчовски!

Есента веќе дојде, но тоа не е причина да објавуваме македонска поезија и стихови поврзани со есен. Денес изборот падна на една преубава песна од Тихомир Јанчовски.

Доаѓа есен – Тихомир Јанчовски

Немам кому да пишувам
истрошен сум и болен
сѐ ми е инфицирано
а најмногу душата
која научно гледано
и не постои.

На современ јазик
тоа се вика
пад на имунитетот.
Тогаш, сѐ е бавно
и времето не поминува.

Доаѓа есен.
Тагата добива тело.

Leave a comment