Од каде да почнете со Харуки Мураками?

Ако сѐ уште не сте нурнале во чудниот и прекрасен свет на Харуки Мураками, откријте го неговото творештво и стил на пишување преку овие 4 книги, кои ви ги препорачува издавачката куќа „Пингвин“.

11-r9vlmoqk0vskjxfa6ntg

„Бркање дива овца“ 

Започнете од почетокот: Мураками првпат се појавил на англискиот пазар со оваа чудна приказна за еден комплициран лов за МВО (Многу Важна Овца). Мистериозни букви, важни слики и совршено обликувани уши се појавуваат во книгата. Потрагата го носи нашиот херој од урбаните делови на Токио до далечните и снежни планини во северна Јапонија, каде што тој се соочува со ограничувањата на традицијата и демоните длабоко во себе.

Норвешка шума“ 

Ако не ви легне надреалната страна на Мураками, обидете се оваа навидум едноставна, горчливо-слатка и прекрасна приказна за младешката љубов и загуба. „Норвешка шума“ е книгата која од него направи книжевна супер-ѕвезда во Јапонија и ова е неговото најпродавано дело ширум светот. Во 2010 година беше екранизирана од режисерот Тран Ан Хунг. Музиката во филмот ја создаде Џони Гринвуд од Рејдиохед, а со свои песни учествува и германскиот бенд Кан.

yvnykxpuaks21

„Хроника на птицата која го навива часовникот“

Оваа книга ја штиклира секоја кутија на Мураками: мистериозни жени, исчезнати мачки, бунари, заканувачки негативци, натприродни влијанија: да не спомнуваме мудрост, генијалност и моќно раскажување. Кога била издадена, веднаш била споредувана со приказните на Рејмонд Карвер, Дон Делило, Брет Истон-Елис, Томас Пајнкон, па дури и Дејвид Линч. „Убиството на Kомандантот“, следната книга на Мураками веќе се споредува со оваа книга по својот маѓепсувачки стил и тон.

„Мажи без жени“

Ако сè уште се двоумите, зошто да не се обидете со краток расказ? Пократките дела на Мураками нудат микрокосмоси на неговата уметничка визија и инвентивност. „Мажите без жени“ е неговата најнова колекција. Преку седум приказни, Мураками ги употребува своите моќи за набудување да ги пренесе животите на мажите кои, секој на свој начин, остануваат сами. Тука се исчезнатите мачки и задимени барови, осамени срца и мистериозни жени, бејзбол и Битлси, заедно проткаени за да раскажат приказни што ни зборуваат на сите.

Извор.

Leave a comment