Македонска поезија: „Есенско утро“ од Блаже Конески!

Да ја почнеме оваа недела со споделување прекрасна македонска поезија! Денес изборот падна на оваа песна од Блаже Конески!

Есенско утро – Блаже Конески

Урнати селски гробишта,
ни крст – само влажни камари,
и над нив круша горничка –
на ветрот распната –
плаче со сите тајни дамари.
Темно и кално.
По штура скрка магли газат.
Зад нив
цапалки
вода наполнети
тунат во црвеницата.

Leave a comment