Акција: „Страшно добри книги“ во ТРИ!

Во текот на следните неколку денови, до 31.10 (сабота), издавачкиот центар „ТРИ“ има интересна акција насловена како „Страшно добри книги“.

По повод популарната Ноќ на вештерките, избрани трилери и хорор книги ќе бидат намалени. Ова е одлична можност за љубителите на хорори и трилери да ја освежат домашната библиотека. Одбрани книги од Нил Гејман, Ју Несбе, Џон Гришам, Стив Кавана, Патрик Зискинд и други се на попуст, а целосната листа можете да ја погледнете на каталогот на ТРИ.

Периодов кој следува е одличен за мистериозни и страшни приказни, па затоа одберете си ново четиво и почнете да читете!

Leave a comment