Влегувањето во книжарница е секогаш посебно и прекрасно чувство за секој љубител на книги. Но, чувството е уште помагично кога човек ќе влезе во прекрасно уредена и креативна книжарница. Денес на блогот можете да ѕирнете во оваа неверојатна книжарница во Кина.
.jpg)
Книжарницата „Дуџингјан Жонгшуџ“, која се наоѓа во Шендџу, е дизајнирана од фирмата „X+Living” од Шангај. Истата фирма веќе работела и на други простории и локации за истата книжарница. Оваа книжарница на два ката делува како катедрала, благодарение на таваните со огледала и сјајните црни плочки од кои се одразуваат книгите, создавајќи неверојатен визуелен ефект.
Ли Синг, основачот на фирмата „X+Living” вели дека дизајнот на полиците и целата книжарница се инспирирани од топографијата и историјата на регионот. Тој вели: „Локалниот пејсаж го внесовме внатре.“ Може да се види дека и браната која се наоѓа во овој град како е внесена внатре во обликот на полиците. Големо внимание е посветено и на осветлувањето кое дава посебно магично чувство.
.jpg)
Фирмата користела тапети со книги на погорните полици за да изгледа дека книгите се протегаат од подот до таванот. Ли вели: „Ако ставевме вистински книги на најгорните полици, немаше да биде тешко само за читателите да дојдат до нив, туку и вработените ќе имаа тешкотии со одржување на книгите. Книжарницата веќе има колекција од 80.000 книги, па всушност просторот си е целосно пополнет.“
На првиот кат има кафуле и игротека за деца, која содржи полици за книги од бамбус, декорирани со панди. Освен тоа, таму има и прекрасни перници во различни бои, за да им биде поудобно и интересно на дечињата за читање, цртање и слично. На балконот на вториот кат има места за седење каде муштериите можат да разгледуваат книги, да работат или да се сретнуваат со други луѓе.
.jpg)
Секој простор е внимателно разгледан и смислен за да понуди уште поубаво искуство на луѓето кои влегуваат внатре. Ли додава: „Целиот проект е холистички концепт. Ние моравме да го искоординираме секој дел од просторот за да се осигураме дека секое парче, без оглед на тоа дали е полица или маса, нема да излезе од рамките на концептот и темата и истовремено да додава на убавината на книжарницата.“
.jpg)
Каква убавина за очи! ❤
Повеќе детали за самата градба, можете да прочитате тука.
