Роденденски акции на „Полица“ во ноември!

Издавачката куќа „Полица“ во ноември слави две години од своето постоење!

По повод роденденот, тие одлучија низ текот на целиот месец да организираат книжевни акции и попусти. Истите се тематски распределени, па така, во текот на ноември, ќе имате можност да се подновите со нови книги.

Во продолжение прочитајте го распоредот на акциите:

Од 6 до 13 ноември: Македонски пркос – попусти на изданија од македонски автори

Од 13 до 20 ноември: Американска политика – попусти на дела од американски политичари;

Од 20 до 27 ноември: Британски остров на култура – намаление на дела од британски автори

Од 27 ноември до 4 декември: Германски дух – изданија од германски автори по привлечни цени.

За повеќе информации и новости, како и потсетници за акциите, следете ја официјалната страница на „Полица“ на Фејсбук.

Кафе и книги ви посакува среќен роденден и уште многу издадени книги!

Leave a comment