Македонска поезија: „Прва ноќ“ од Матеја Матевски!

Денес е прекрасен ден за споделување македонска поезија. Денес на ред е песна од Матеја Матевски!

Прва ноќ – Матеја Матевски

Влажен клик на усните
и немо провирање
на плодот од едно
постоење ново

Гранките се пореваат
скршени во своите сенки
округли раце од месечина
и рамена од облаци.

Гудало од слатки нерви 
се скокотка и се игра
со некаква виолина.

Шарено око на тишината
ноќ
и долго зборлесто
молчење.

 

Leave a comment