Нова акција во ТРИ: „Читај и живеј здраво“!

Доколку сте љубител на книгите од жанрот на популарната психологија и мотивациските книги, тогаш оваа недела мора да се упатите во „ТРИ“. Вчера започна нивната нова акција насловена како „Читај и живеј здраво“, која има за цел да им понуди на читателите книги кои ќе ги поттикнат да се инспирираат, мотивираат и размислуваат. Акцијата ќе трае сè до 15 ноември.

Оние кои уживаат во мотивациски афирмации, размислувања за личен развој и лична дисциплина, ќе можат да изберат од големиот избор на книги од навистина популарна автори, а дел од книгите ќе имаат попуст и до 50%.

Како што велат од ТРИ, целта на акцијата е да го поткрепите својот ум со добра мисла и да уживате во читањето како лична терапија. Оваа недела посветете се на својата лична, внатрешна перспектива и хармонија преку добро четиво.

Дел од книгите на попуст се класици во жанрот на популарната психологија, како „Моќта на потсвеста“ од Џозеф Марфи, „Калуѓерот што го продаде своето ферари“ од Робин Шарма или „Четири спогодби“ од Дон Мигел Руис, а дел се и популарни бестселери кои доживеаја неверојатна популарност како „Кафулето Зошто“ од Џон П. Стрелецки, „12 животни правила“ од Џордан Питерсон, „Намести си го креветот“ од Вилијам Х. Мекрејвен, но и уште многу други.

Понудата со сите книги по намалени цени можете да ја разгледате на нивниот каталог или директно на нивната страница.

Leave a comment