Нова акција на ТРИ: Гушни се со добра книга!

Одлична и креативна акција на издавачкиот центар „ТРИ“. Знаеме дека годинава драстично се намалија допирите и прегратките, кои понекогаш навистина ни се потребни. Но, затоа, книгите се секогаш тука за да нè прегрнат и да ни дадат утеха. Па затоа, пораката на акцијата на „ТРИ“ е: „Гушни се со добра книга“!

Во време на друштвено и физичко изолирање, убаво е да знаеме дека можеме да се прегрнеме со книгите. Доколку барате нешто ново за читање, како и за подновување, оваа недела, од денес па сè до 22 ноември, одбрани книги на ТРИ ќе имаат одлични попусти кои ќе се движат до 40%.

Книгите кои се на попуст се од оние книги кои служат за храна на душата, да нè разнежат, замислат, да направат да размислуваме за животот и да се чувствуваме поубаво.

Тука можете да го погледнете каталогот, а јас од срце ви ги препорачувам книгите на Елена Феранте, кои се неверојатни и кои треба да бидат задолжително четиво за сите кои сакаат убаво напишани приказни, потоа Елиф Шафак, но и Фредерик Бегбеде, кој е еден од најдобрите модерни автори. Меѓу насловите има и книги од македонски писатели, а ќе го препознаете и Пауло Коелјо. Помладите можеби ќе бидат заинтересирани и за интересната книга „Прекрасна катастрофа“. Ова се само дел од насловите кои се на попуст и кои би биле одлично дополнување на вашата домашна библиотека!

За повеќе информации следете ја Фејсбук страницата на ТРИ.

Leave a comment