Време е за книгоманија: Предновогодишен саем на книга!

Времето станува сè поладно, а тоа значи дека сè повеќе сакаме да седиме дома, да пиеме кафе и чај и да читаме книги. Или барем тоа ни е изговорот, бидејќи секако сакаме да пиеме кафе и читаме книги.

Со оглед на тоа дека е ладно, а и нема многу можности за излегување поради ситуацијата и мора да бидеме внимателни, важно е да си набавиме четива за читање.

Доколку прочитавте сè што имате дома, од денес до шести декември, Македонската асоцијација на издавачи организира Предновогодишен саем на книга во „Сити мол“.

Изданијата на „Арс ламина“, „ТРИ“, „Полица“, „Антолог“, „Култура“, „Ѓурѓа“, „Сакам книги“, „Бата прес“, „Топер“, „Мартина“ и „Просветно дело“ ќе бидат намалени и ќе може да ги набавите по поволни цени.

Извор.

Leave a comment