Опасно се приближуваме кон зимата, се чувствува тоа по свежиот воздух и ладното време. Но, календарски сè уште сме есен, па затоа, денес една есенска песна на блогот. Изборот падна на „Лист“ од Ацо Шопов. Уживајте.
Лист – Ацо Шопов
Се откина од гранката сам, полека и несетено
и остана во воздухот да лебдее така.
Мислејќи дека е жолта пеперуга, детено
пружи по него рака.
И не се измени ни со прелив мал
на есента божилото.
Само гранката задржа скриена жал,
жал за зеленилото.
:max_bytes(150000):strip_icc()/fall-foliage-in-japan-559690459-59c69cb10d327a0011344091.jpg)
