78 години по објавувањето, „Старецот и морето“ на Ернест Хемингвеј е уште порелевантна од кога било. Оваа книга е гозба за сетилата, во време кога сме ограничени од пандемијата. Оваа приказна ја чувствуваме длабоко во коските, приказна која има силен, но минималистички и трогателен наратив. Човек не може да не пушти солза или две.

(извор на сликата: Aleteia)
На површината делува дека се работи за едноставна приказна за еден рибар кој фаќа огромна риба, по 84 дена неуспешно рибарење, само за да ја изгуби при еден напад од ајкула. Но, се работи за многу повеќе од тоа. Се работи за приказна за копнеж, гордост, храброст и живот. Ова е навистина мала книга (нешто над 100 страници) и можете да ја прочитате дури и на едно или две седнувања. Ако, сè уште не сте сигурни за книгата, еве неколку мисли од книгата кои би можеле да ве привлечат:
„Но, човекот не е создаден за пораз“, рече тој. „Човекот може да биде уништен, но не и поразен.“
Ова е приказна за одново станување по разорно уништување, затоа што кога повторно ќе станете, не можете да бидете поразени. Ви дава сила за да ги надминете сите работи кои 2020 година ви ги донесе (и сè уште носи).
„Секој ден е нов ден. Подобро е да имаш среќа. Но, јас претпочитам да бидам прецизен. И така, кога среќата ќе дојде, ти веќе си подготвен.“
Ова е приказна за издржливост. Старецот поминува 84 денови без да улови риба. За некои, може да делува како задачата на Сизиф, но тој не се откажува. Тој верува дека ќе успее и успева. Но…
„Ти не ја уби рибата само за да ја чуваш жива и за да ја продадеш за храна, помисли тој. Ти ја уби заради гордост и затоа што ти си рибар. Ти ја сакаше кога беше жив и ја сакаше и потоа. Ако ја сакаш, не е грев да ја убиеш. Или можеби е и повеќе од тоа?“
Се работи за приказна за комплицирани чувства кои се засновани на должност, разум и гордост. Ве потсетува дека работите во животот не се црни или бели. Ние живееме во свет кој е полн со сива боја.
„Сега тој повторно го докажуваше тоа. Секојпат беше нов пат и тој никогаш не помислуваше на минатото додека го правеше тоа.“
Ова е приказна која ја потенцира важноста да ја покажеме нашата заслуга. Дека неуспесите од минатото се само нови можности за да направиме пресврт и тоа уште денес. И иако 2020 година нè поттурна до работ на нашите нерви и чувства, има уште простор да ја направиме година за помнење. Овој роман е за тоа како смртта може да ви помогне целосно да го прегрнете животот. Делото на убивањето на рибата ве прави посвесни за смртноста која постојано е надвисната над нас. Борбата за моќ, гордоста, смртта, животот и сè што доаѓа измеѓу. Тоа е една од причините зошто, 78 години по нејзиното издавање, дефинитивно треба да ја (пре)прочитаме.
