Македонска поезија: „Спомен по многу години“ од Блаже Конески!

На денешен ден, во 1993 година, починал Блаже Конески, еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и еден од најзначајните личносте во македонската книжевност. Во негова чест денес ги читаме неговите стихови од песната „Спомен по многу години“, која некако се чинеше најсоодветна за да се сподели на блогот.

Спомен по многу години – Блаже Конески

Имав можеби неполни дваесет години
кога напишав:
„така рикаше маката во мене
дека сум роден во смачкано племе.“
И досега,
по толку долго време,
ме следи истата таа мака,
и дури поголема,
така што дури можам,
сејач на глуво семе,
да го сменам малку зборот
и да речам:
„уште рика истата мака во мене
дека сум роден во смачкано племе“.

Но сепак, се надевам, дека не е туку така
што сум бил подложен на таков искус
и на таква една мака.

Leave a comment