Одамна не сме ја раздрмале оваа одлична рубрика, па затоа денес на блогот одбрав една одлична мисла од една одлична книга од еден одличен писател. Милан Кундера е еден од најдобрите живи писатели, кој со неговите дела „Неподносливата леснотија на постоењето“, „Шега“, „Книга за смеата и заборавот“ и уште многу други, допира длабоко до срцето и душата на читателот. За него веќе сум пишувала на блогот (тука и тука), а денес една прекрасна мисла од „Книга за смеата и заборавот“ е избрана за „Мисла на денот“. Уживајте и споделувајте!

