Започнува „Зимски фестивал на книгата“ во ТРИ!

Секоја година, Издавачкиот центар ТРИ традиционално го организира нивниот „Зимски фестивал на книгата“, кој нуди многу попусти и интересни нови изданија. Почнувајќи од денес, 21 декември, сè до 31.01.2021, ќе имате можност да ја освежите домашната библиотека со многу интересни наслови. Годинава немаме многу можности каде да одиме, па книгата е и одличен новогодишен подарок.

Како што велат од ТРИ:

„Во ТРИ ги има книгите што секој сака да ги прочита – а од 21 декември тие ќе бидат со специјални фестивалски цени, дополнителен количински попуст, специјално и уникатно спакувани – подарок што ќе ве освои од прва. Затоа што книгите носат радост, а читањето нѐ воздигнува и нѐ прави подобри.“

Обожавателите на Мураками, кои исто така се трчачи ќе се израдуваат кога ќе видат дека издадена е и книгата на Мураками за трчање „Што зборувам кога зборувам за трчањето“. А доколку сте љубител на трилери, сигурно ќе ве израдуваат новите изданија на Несбе (а доколку ги немате сите, сепак ќе имате можност да набавите некои од постарите изданија на попуст).

Погледнете го каталогот и понудата тука!

Leave a comment