Вртоглаво брзо се ближи 2021 година и претстојните празници, а тоа значи повеќе време за читање. Доколку прочитавте сè што имате дома, неделава има многу интересни акции низ книжарниците во Скопје, а една од нив се традиционалните „Новогодишни книжевни радости“ со „Или-Или“.
Со оглед на тоа дека и зимава нема да имаме многу можности за патување, шетање и дружење, книгите се единствениот пријател кој ни помага да останеме здрави и силни. Во периодот до 16 јануари, во книжарницата на „Или-Или“ ќе можете да си набавите изданија кои ќе бидат на попуст од 20 до 70%.

Попустите важат и за онлајн нарачки: Преку страницата на Или-Или на Фејсбук или преку мејлот: iliili@mail.com.
Разгледајте ја понудата на „Или-Или – тука.
