Мал новогодишен саем на книги во Градски Парк!

Подгответе се за уште една акција во која ќе можете да ја подновите домашната библиотека!

Од денес, сè до 27 декември, се организира Мал новогодишен сам на книги, на кој осум издавачки куќи ќе ги понудат своите изданија по намалени цени! Во Градскиот парк ќе бидат поставени штандови каде ќе можете да купите некое издание од издавачките куќи: Темплум, Бегемот, Или-или, Чудна шума, Гаврош, ПНВ публикации, Слово, Сказнувалка.

Доколку не сте во можност лично да присуствувате, можете да направите и онлајн нарачки на Фејсбук или на мејлот: novogodisen.saem.na.knigi@gmail.com. Доставата ќе биде достапна за сите градови во Македонија.

Организаторите најавуваат онлајн настани, како и настани во живо, како и дополнителен книжевен конкурс. Доколку ве интересира какви настани се планирани, тука погледнете ја подеталната програма.

За повеќе информации, следете го официјалниот настан на Фејсбук!

А доколку деновиве решите да шетате низ Градскиот парк, наминете и на штандовите со книги!

Leave a comment