Се приближува крајот на годината, уште само еден ден. Денес е одличен ден за македонска поезија. Денес на блогот прочитајте ги овие прекрасни стихови од Јосип Коцев.
Зандана – Јосип Коцев
И сам си, и казнет си,
во твоето тело – зандана.
Понекогаш само
преку очите
препознаваш друг
затвореник сличен на тебе,
и душите мигум
ви се фаќаат за раце
низ решетките.

