Како Шарлот Бронте одбила една понуда за брак?

На последниот ден од февруари во 1839 година, осум години пред издавањето на „Џејн Ер“, Бронте добила писмо кое содржело понуда за брак од Хенри Наси, куратор од Сасекс, чија сестра била добра пријателка со сестрите Бронте. Одговорот на Бронте, напишан на 5 март 1839 година, е одличен: сигурен, но љубезен, прилично директен, но внимателен, и неверојатен примерок на класичниот „Не е до тебе, до мене е“ одговор.

Подолу прочитајте го нејзиниот одговор:

„Мој драг господине,

Пред да одговорам на Вашето писмо, долго размислував за неговата содржина; но уште од првиот момент кога го добив и прочитав, одлучив во која насока да продолжам, па затоа имав чувство дека одлагањето на одговорот беше целосно непотребно.

Вие сте свесен дека јас имам многу причини за да бидам благодарна на Вашето семејство и дека имам посебни причини за наклонетост кон една од вашите сестри, како и фактот дека јас навистина ве почитувам и Вас. Затоа не ме обвинувајте за погрешни мотиви кога ќе кажам дека мојот одговор на Вашиот предлог за брак мора да биде негативен. Во формирање на оваа одлука верувам дека го слушав диктатот на совеста повеќе од оној на наклонетоста. Јас немам лична одбивност кон идејата за сојуз со Вас – но, убедена сум дека мојот карактер не е типот на карактер кој би придонел кон формирање на среќата на човек како Вас. Секогаш сум имала навика да ги проучувам карактерите на оние со кои поминувам време и мислам дека го знам Вашиот и можам да замислам каков тип на жена би Ви одговарала да биде ваша сопруга.

Нејзиниот карактер не треба да биде премногу забележлив, темпераментен и оригинален; нејзиниот темперамент треба да биде благ, нејзината посветеност несомнена, нејзиното расположение постојано и весело, а нејзините „лични привлечности“ доволни за да ги задоволат Вашето око и Вашата праведна гордост. А што се однесува до мене, Вие не ме познавате мене, јас не сум онаа сериозна, замислена, рационална личност каква што мислите дека сум – Вие мислите дека сум романтична и (ексцентрична – сигурно би) рекле дека сум сатирична и (брутална). (Како и да е, јас ја отфрлам) измамата и никогаш, само за да стапам во брак и да ја избегнам стигмата на стара мома, не би земала достоен маж за кого сум свесна дека не можам да го направам среќен.

(…)

Збогум —-! Секогаш ќе ми биде драго да добијам порака од Вас како пријател —-

Верувајте ми
Искрено Ваша
Ш Бронте“

Бронте останала немажена до последната година од нејзиниот живот, кога се венчала со Артур Бел Николс, кураторот на нејзиниот татко, кој бил вљубен во неа со години. Всушност самиот псевдоним „Курер Бел“ бил заснован на неговото средно име.

Којзнае што би се случило ако Шарлот подлегнала на општествениот притисок и ја прифатела првичната понуда за брак. Можеби никогаш немаше да се запознаеме со „Џејн Ер“.

Извор.

Leave a comment