Македонска поезија: „Оваа ноќ“ од Лилјана Дирјан!

Денес е петок, денот кој го чекаме со душа! Денес повторно читаме прекрасни македонски стихови!

Оваа ноќ – Лилјана Дирјан

Сè ме напуштило оваа ноќ
си отишло некаде
си се спасило
Само Тој останал
на перницата ме
чека буден
ноќта со него се зголемува
не го објаснувам,
не го давам никому
ако во љубовна прегратка
го дочекаме утрото
ќе заминеме заедно
јас, Тагата, тој, Очајот

Leave a comment