Италија ги доби библиотеката и архивите на Умберто Еко…

Библиотеката и архивите на Умберто Еко, кои содржат неверојатна збирка на антички и модерни книги, станаа културно наследство на државата Италија.

Министерството за култура на Италија ја доби огромната библиотека, како и архивите на Умберто Еко, италијанскиот писател и филозоф, кој почина во 2016 година. Семејството на Еко и Министерството за култура дојдоа до договор, во кој државата гарантира заштита на неверојатното наследство на Еко, правејќи го достапно за студенти и истражувачи.

Модерната библиотека на Еко (која можете да ја погледнете тука) содржи околу 30.000 томови книги, заедно со архивите, ќе бидат дадени на Универзитетот во Болоња, на заем од 90 години, каде Еко предавал во поголемиот дел од неговиот живот. Неговата колекција на антички книги, која содржи околу 1200 тома и се вика „Bibliotheca semiologica Curosa, lunatica, magica et pneumatica“ ќе биде дел од библиотека во Милан.

Еко е најпознат по неговото дело „Името на розата“ од 1980 година, кое е преведено на повеќе од 40 јазици и се има продадено во повеќе од 50 милиони примероци. Книгата, инспирирана од еден манастир од 10 век, беше екранизирана во 1986 година, со Шон Конери во една од главните улоги. (Повеќе за причините за пишување на романот можетете да прочитате тука)

Роден во 1932 година во Александрија, Еко подоцна живеел во Торино, пред конечно да се пресели во Милано, градот кој тој највеќе го сакал и кој служел како позадина и инспирација на неговото дело „Фуковото нишало“ од 1989 година.

Иронично, Еко се опишал себеси како филозоф кој пишувал романи „само за време на викенди“.

Тој почина на 19 февруари 2016 година во Милан, каде имал свечен погреб.

Извор.

Leave a comment