Нема ништо поубаво кога ќе се спојат две прекрасни работи: книги и кафе! Самиот блог е именуван по прекрасното чувство кога ќе се искомбинира читањето и пиењето кафе. Верувам дека многу читатели ќе се согласат дека на Скопје (и останатите градови во Македонија) дефинитивно му недостигаат повеќе кафе-книжарници, каде може да отидете да си купите книга и да си се напиете кафе или едноставно да си дојдете со книга и да си читате додека уживате во топлата напивка.
(Извор на сликата: Фејсбук страницата на Буква)
Од таа причина, одлична е веста дека има нова кафе-книжарница во Скопје, која се вика „Буква“ и се наоѓа зад Собрание, зад/до Кино Култура (или ако сакате уште попрецизно: улица Луј Пастер (3А-1)).
Според најавите на официјалната страница на Фејсбук, во кафе-книжарницата читателите ќе имаат можност да најдат одлично одбрани наслови и да уживаат во добра пијачка и атмосфера, а има најави дека летната тераса ќе биде одлично место за уживање, но и за одржување интересни книжевни ( и други културни) настани.
Кафе и книги им посакува многу успех и се надевам дека наскоро ќе имам можност да ја посетам кафе-книжарницата и да уживам во добра книга и моето омилено кафе.

