„Денови на литературата“ во Литература.мк!

Љубителите на книги секогаш најмногу внимаваат каде има попусти на книги за да можат да ги најдат своите омилени четива по намалени цени и да си ја освежат домашната библиотека. Е па еве една одлична можност за вас! Освен тоа, денес е петок, па така имате можност уште викендов да се подновите и да почнете да ги читате новите книги.

Во текот на следниот период, до 21 февруари, во сите книжарници „Литература.мк“ ќе се одвива акцијата „Денови на литературата“ и ќе имате можност да купите книги од повеќе различни издавачки куќи. Ќе има интересни изданија од различни жанрови и различни издавачки куќи, како и попусти до 70%. Некои од изданијата ќе можете да ги набавите и за 150 денари, а книгите на англиски јазик ќе бидат на попуст од 15%.

За повеќе информации погледнете го каталогот за акцијата и погледнете кои изданија ќе бидат на попуст и изберете си го следното четиво.

За повеќе информации следете го официјалниот настан и официјалната Фејсбук страница на Литература.мк.

Leave a comment