Викендов падна снег и многумина му се израдуваа. Освен тоа имаме и вистински зимски температури, па во чест на зимата и нејзиниот полн сјај, денес на блогот ја читаме оваа „зимска“ песна од Блаже Конески!
Зимен ден – Блаже Конески
Бели се тие чорбаџиски дворје,
див костен во двор се наведува.
Од соба в соба шетка мека жена,
низ прозорец погледува.
Сонченце зимно! Јас во светлината
на зимен ден потонувам
и долго, долго за ноќ раскината,
за меко зборење сонувам.

