Македонска поезија: „Второ писмо“ од Петре М. Андреевски!

На средина од неделата сме, па на сите ни треба малку мотивација! Денес ги читаме прекрасните стихови на Петре М. Андреевски, од неговата легендарна стихозбирка „Дениција“.

„Второ писмо“ – Петре М. Андреевски

(Од циклусот Пет љубовни писма)

Паметувам:
тебе ти прилегаше сè, како и на силот и смилот
што ме потчинуваа однадвор, а ме храбреа однатре.
Ти беше мојот Исток и мојот Величетврток,
ти беше сè што му недостасуваше на светот,
ти беше и моето незавршено минато
и затоа јас те чував и прашував за тебе.

Молњата што минува низ тебе во мене се одразува
и јас живеам затоа што знам дека и ти живееш.
Јас сум твој роб за да ја прославам слободата
и тие летни жеги околу твојот појас
и тие ладни меани во твоите пазуви
и тие кавги на ветровите пред твоите поли
и моето време што беше во твоето.

Паметувам:
што читаше дури читаше и што – кога не читаше,
како легнуваше навечер, како се проѕеваше наутро
и како денот го продолжуваше со својата насмевка,
возбудлива ко квечерина во отворена калинка.
Во тебе беа границите на Целокупна Македонија
и јас дури те љубев, ја љубев сета татковина.

Ти стигнуваше пред своето тело, пред својот глас
во кого ме допираа недопрени води.
Ти беше мојот Тримир и мојот Светилеб
и моето прогонство беше за да бидат целосни
твојата волја, а мојата неволја.
На дното од морињата, на врвот од копната
ти секаде прва: и пред зракот и сред мракот.

Leave a comment